Пендаровски пречекан во Србија со највисоки државни почести

Претседателот Стево Пендаровски утрово во 10:30 часот пристигна во „Палата Србија“. Со интонација на македонската и на српската химна, претседателот ја почна официјалната посета на Србија.

 

На платото пред „Палата Србија“ го пречека претседателот Александар Вучиќ и по поздравот од гардата влегоа на тет-а-тет средба.

 

Следува пленарна средба меѓу делегациите на двете земји, а предвидено е претседателот Пендаровски, освен со српскиот колега Вучиќ, денес да се сретне и со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ.

 

Во рамки на официјалната посета, Пендаровски ќе се сретне и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж, и стопанственици од Република Србија.

 

Утре, пак, во Нови Сад е предвидено да учествува на 4. Регионален младински форум.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.