Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан Грујевски, кој избега во Грција во предметот на СЈО, „Тврдина 2“, за уништување на списите од прислушувањето.

 

Судот при донесувањето на пресудата постапил по напаствијата на Апелација која само за Грујевски ја укина пресудата, а ја потврди за шесте службенички во УБК, кои добија условни казни затвор.

 

Ова е првото обвинение кое го поднесе СЈО до кривичниот суд.

 

Првата пресуда за Грујевски ја донесе судијката Лидија Петровска. И тогаш Грујевски беше осуден на истата казна затвор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.