ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за финансии вчера се задолжи за 82 милиони евра

„Зоран Заев и Нина Ангеловска ја задолжуваат државата без основ. Вчера наместо првично предвидените 67 милиони евра, Министерството за финансии се задолжи за 82 милиони евра или 15 милиони повеќе“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Опозицијата нагласува дека е нејасно на што и како ќе се трошат тие дополнителни 15 милиони евра, исто како што е нејасно каде завршуваат и другите пари од задолжувањето.

 

„Иако нивото на јавниот долг секојдневно се зголемува, државата нема мрднато од мртва точка. Нема инвестиции, нема проекти. Рапидното задолжување пред избори индицира само на изборна корупција којашто власта веќе ја прави. Милионите кои сега ги земаат ќе треба да ги платат граѓаните по 5,10 или 20 години, а со нив не се прават работи кои имаат додадена вредност за државата, напротив се трошат бесцелно“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

 

Оттука коментираат дека откако СДСМ е на власт, јавниот долг изнесува 5.4 милијарди евра, што е спротивно на сите ветувања кои ги даваа дека нивото на јавен долг ќе го намалат.

 

„Јавниот долг не се намалува, туку се зголемува. Расипничкото трошење на парите на граѓаните море да запре. По 12 април ќе следи детална ревизија на сите позајмени и потрошени пари. Никој не смее да си игра со парите на граѓаните“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.