Арсовски: Заев, Ангеловска и СДСМ повторно ја задолжуваат државата и граѓаните

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра, изјави денеска на прес конференција за медиумите, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

 

Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект кој што може да се види со голо око.

 

Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност.

 

Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува развратноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран. Жалосно.

 

Реализацијата на капитални инвестиции и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

 

Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет.

 

Новиот Буџет кој го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година  каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година.

 

Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.