Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци, бидејќи со умисла тешко телесно го повредил попот Виктор Стојчев на 7 јануари на Божик 2017 година.

 

Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд. Јовановски не дојде да ја чуе пресудата.

 

Според обвинението, Миле Јовановски на Божик, го нападнал попот Виктор Стојчев. Расправијата за паркинг, почнала кога попот обидувајќи се да го паркира џипот, но не можел да влезе во дворот, бидејќи возилото на Јовановски било паркирано пред влезот.

 

Татко му на Боки 13 првин почнал да го удира попот со тупаници, а потоа продолжил да го удира надвор од возилото. Јовановски тврдеше дека бил испровоциран од попот.

 

Стојчев ќе бара отштета од Миле Јовановски во граѓанска парница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.