Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух кој го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме со затворени прозорци поради токсичниот чад кој се шири и ни го зема здивот, порачаа на средбата со претседателот Пендаровски, претставници на здружени граѓански организации и иницијативи.

Како што велат од таму, претседателот е последната надеж во долгиот ланец на институции до кои се обратиле во својата долгогодишна борба за правото на здрава животна средина.

„Се соочивме со некоординираноста и недоволна активност на централната власт, како во повикувањето на локалната да ги спроведе активностите доделени со децентрализацијата, така и во исполнување и спроведување на законските одредби на централно ниво. Немањето на поддршка од МВР ја поткопа довербата дека е сојузник во решавањето на проблемот“, се наведува во соопштението на О2 Иницијатива.

На средбата со претседателот, претставниците на здруженијата изнеле неколку барања и очекувања:

- Oфицијализирање на кризaта со загадениот воздух и прогласување на вонредна состојба;

– Загадувањето и климатските промени да се третираат и класифицираат како закана и ризик по националната безбедност и да преминат од еколошки во безбедносен проблем;

– Претседателот како адвокат на граѓаните и потписник на Буџетот да влијае врз значително зголемување на расходите за заштита на животната средина и намалување на загадувањето;

- Решавање на проблемот со увозот на отпад и немањето на потребна контрола при влезот во нашата држава;

– Шар Планина да се прогласи за национален парк во најитен можен рок, бидејќи процесoт трае повеќе од 20 години, додека уништувањето продолжува;

– Да престане изградбата на мини-хидроцентрали кои имаат негативно влијание врз реките;

– РЕК Битола, најголемиот индустриски загадувач, да добие А - дозвола за усогласување со оперативен план до крајот на годинава;

– Формирање на Фонд за животна средина, како предизборно ветување на СДСМ во Владината програма;

– Носење на законот за комунална полиција и утврдување на причинит за застојот;

- Урврдување дали постои недозволена продажба на старите хемикалии од кругот на ОХИС

Здруженијата информираат дека претседателот Пендаровски покажал отвореност за нивните барања, но велат дека доколку во најкраток рок нема конкретни резултати, како граѓански активисти ќе ги искористат сите демократски права во борбата за заштита на уставно загарантираното право на здрава животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.