Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа за, 16 против и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието.

 

Тој за оваа функција беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

 

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

 

Претходно, Рамчиловиќ, кој беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, преку писмен допис го извести собранискиот спикер, Талат Џафери, дека ја напушта пратеничката група.

 

„Рамчиловиќ требаше да биде функционер на Груевски, но заврши како кадар на Заев“,  рече пратеникот, Антонио Милошоски во дебатата за изборот на потпретседстел.

 

„Ова е политичка трговија. Рамчиловиќ беше подготвуван за функционер на Груевски, но се испазари кај Заев“, рече тој.

 

И за пратеникот Ѓорчев не е прифатливо што пратеникот, како што рече, бил избран од една партија а се пазари за функција во друга.

 

На изнесеното од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, одговори пратеникот Горан Мисовски од НСДП: „Многу ми е драго кога го гледам ВМРО-ДПМНЕ како лее крокодилски солзи. Но, тоа е така затоа што сте толку отворени и демокрстиски настроени. Ете се покажа на дело. Да бевте добри ќе остснеше со вас“, рече Мисовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.