Облачно и дождливо со температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во вечерните и ноќните часови.

 

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер (со брзина и над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен долж Повардарието, како и на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.

 

Во Скопје ќе биде облачно, а попладне, особено во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.