Владината седница денеска ќе се одржи во Тетово

Редовната  165. седница на Владата денеска ќе се одржи во Тетово со почеток во 19 часот.

 

Во склоп на одржување на утрешната седница ќе има и министерски теренски активности, меѓу кои увид во реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Јажинце, увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица и посета на клиничкиот центар Тетово.

 

На седницата, пак, ќе се најде предлог-буџетот за 2020 година. Исто така, на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на дневен ред ќе биде усвојување на предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

 

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, владата ќе одлучува и по предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.

 

Министерство за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување регионални центри за стручно образование и обука.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.