Блокирана е Агенцијата за супервизија, му истече мандатот на првиот човек

Агенцијата за супервизија на осигурувањето е пред блокада во работењето, бидејќи од денеска и формално oстана без првиот човек, Климе Попоски, кому му истече мандатот.

 

„Немам информација до каде е постапката. Владата треба да достави до Собранието предлог, а Собранието да избере“, рече Попоски. Тој и самиот се пријавил за нов мандат.

 

Владата во октомври распиша оглас за избор на претседател и еден професионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување. Рокот за пријавување истече минатата недела, а сè уште е неизвесно кога би се случил изборот. Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа не одговори на повикот на „Макфакс“ колкку кандидати се пријавиле на огласот и дали се усвоени предлози и испратени во Собранието.

 

Советот на Агенцијата е составен од пет члена, од кои, еден е претседател. Агенцијата прави супервизија на друштвата за осигурување, осигурителните и брокерски друштва, издава и одзема согласности, дозволи и лиценци...

 

Освен овој избор, се одолговлекува постапката за избор на главен држаен ревизор во Собранието поради коалициската неусогласеност меѓу СДСМ и ДУИ. Во Собранието е заглавен е изборот за членови на Програмскиот совет на МРТ, како и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.