Еко Герила: Со скандалозен чин спречен граѓански протест во Тетово

Центарот ЛОЈА, регионалните #Трансформатори и невладината Еко герила информираат за како што велат, вандализам, спроведен од општинските власти во Тетово за време на прикажување на три инсталации кои ја користат уметноста како форма на протест.

 

„Дури и во најтемни времиња, слободата на изразување не е запрена како денес во Тетово“, се наведува во зедничкото соопштение на граѓанските организации.

 

„Денес групата #Трансформатори (граѓански активисти кои ја користат уметноста како форма на протест) собраа три инсталации: Валканото во центар, Trash чудовиште и Гранд При Тетово, со фотографии од разни локации во Тетово заедно со нереализирани предизборни ветувања од страна на општината. Но, по половина час по поставувањето на изложбата, луѓето со службен автомобил од Општина Тетово дојдоа, ја уништија и ја отстранија изложбата“, објаснуваат граѓанските здруженија.

 

Од таму истакнуваат дека овој скандалозен чин, на како што велат, бандата на градоначалникот, е сериозно кршење на човековите права и слободата на изразување, што не ни се случувало ниту во претходниот режим.

 

„Сè додека нашата држава има за цел членство во НАТО и ЕУ, функционирањето на владеењето на правото во Тетово не го докажува истото. Го повикуваме Премиерот, медиумите и дипломатскиот кор да извршат притисок врз Општина Тетово да го почитува Уставот и правата на граѓаните за слобода на изразување“, бараат здруженијата и порачуваат дека вандализмот не може да ја задржи вистината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.