Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан


Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион.

 

Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша премиерот, Зоран Заев на неговиот профил на „Фејсбук“, по вчерашниот состанок на лидерите од регионот.

 

„Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти; Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи; Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите; Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации; Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации; Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди“, напиша Заев.

 

Иницијативата ја промовираа лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија, Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ.  На средбата беше истакнато дека мерките не значат отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.