СОНК и Адеми се договорија, наставниците добија 10 проценти покачување на платите

СОНК и Министерството за образование се договорија од 1 јануари просветните работници да добијат покачување на платите од 10 отсто.

 

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека на состанокот биле отворени и други прашања, како што се регрес за годишен одмор, трошоци за превоз до работните места и друго. Тој нагласи дека тука не запираат преговорите и за остварување на другите барања.

 

Министерот за образование, Арбер Адеми, рече дека е горд на постигнатиот договор и дека со него е вратен дигнитетот на наставничката професија.

 

„Одлучивме да ги покачиме платите за 10 отсто од 1 јануари 2020 година. Ова важи за сите вработени во основно, средно и високо образование. Со оваа одлука се враќа дигнитетот на наставничката професија. Јас сум горд. Интензивно се преговараше, се консултиравме и во следниот период ќе продолжиме со подобрување на статусот на сите вработени во образованието“, истакна Адеми по денешната средба.

 

СОНК вчера соопшти дека го става во мирување најавениот генерален штрајк, која требаше да почне в понеделник, додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.