Спасовски: Во моментов не е важно кој ќе ја предводи техничката влада

Во овој момент не е важно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно она што до крајот на годината ќе се случува во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на македонско-бугарскиот граничен премин „Делчево – Лисичково“.

 

„Во моментов не е многу голем интересот на граѓаните за тоа кој ќе ја предводи техничката влада, па рано е да се разговара на таа тема. За формирањето на техничката влада постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада“, рече министерот.

 

Спасовски дополни дека Министерството за внатрешни работи и Владата ќе продолжат со активностите, што значат реформирање на системот и подобрување на условите за живот на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.