Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на Македонија“ зашто, како што рече, по многуте турбуленции што се случија изминатиот период во земјата, потребна ѝ е вистинска обнова.

 

„По сè што се случува во земјата веќе 3 години, добро е што договоривме датум за избори. Вечерва ги информирав коалициските партнери за темите за кои дискутиравме вчера на лидерската. Поради реалноста во која живееме, им предложив коалицијата 'За подобра Македонија', да се преименува во коалиција 'Обнова на Македонија' и тоа беше едногласно прифатено“, рече Мицкоски, кој додаде дека на Македонија ѝ е потрбна обнова по, како што нагласи, арамилакот што ѝ се случува на земјата.

 

„Ви ветувам расчистување на арамилакот, нови реформи во многу сегметни, враќање на правото и нулта толеранција во борбата против криминалот и корупцијата“, порача тој.

 

Рече дека е во преговори со други политички партии за коалирање, но дека сè уште е нејасно дали тоа ќе биде предизборно или постизборно. „Со некои од тие што преговараме се видов синоќа, а тие седеа до Зоран Заев“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали се работи за албански партии, рече дека преговараат.

 

Мицкоски нагласи дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголема од таа што ја кажувал Заев за водство на анкетите, но вели дека нивен предизвик е предноста да биде многу поголема за да имаат, како што рече, стабилно мнозинство.

 

„Првиот дел на состаникот беше да ги информирам што се слчуваше вчера, сега во вториот дел на средбата ќе разговараме и за други теми“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.