Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за да ја реафирмира посветеноста на НАТО за пристапувањето на Северна Македонија.

 

„Процесот на ратификација е на добар пат и со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во нашата Алијанса“, напиша Столтенберг.

 

https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1186198606988107776

 

Минатата недела Европскиот совет не успеа да постигне согласност за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, што беше оценето како историска грешка од дел од светските лидери, а комесарот за проширување, Јоханес Хан, предупреди на ризикот од дестабилизација на Западен Балкан.

 

Претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека најдобро би било изборите да се случат по пристапувањето во НАТО затоа што е потребен функционален парламент кој ќе треба да го ратификува пристапувањето откако тоа ќе го сторат сите 29 земји членки на НАТО. Досега протоколот за пристапувањето со потпишаа 24 земји членки. Остануваат уште пет – Шпанија, Франција, Холандија, Исланд и САД.

 

На вчерашната лидерска средба беше договорено да се одржат предвремени избори на 12 април, откако земјата не успеа да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.