Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба што се одржа на Вилата Водно.

 

Тој оцени дека предвремените избори се неминовни и нагласи дека по нив ќе следи обнова на Македонија.

 

За пописот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата има 20 забелешки и смета дека пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција.

 

„За нас пологично е попис да има на почетокот на годината, а не на крајот. Треба да биде во согласност со препораките на Еуростат“, рече Мицкоски.

 

За случајот „Рекет“, Мицкоски повтори дека секој треба да носи одговорност и ги охрабрува органите да ги завршат истрагите до крај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.