Димче Арсовски: Владата ја задолжува државата за нови над 61,7 милиони евра

Денес е денот кога Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови над 61,7 милиони евра.

 

Нина Ангеловска со потпишување на денешното задолжување од над 61,7 милиони евра ќе стане министерка чиј прв проект е единствено задолжување на граѓаните и ништо повеќе.

 

Долгот на државата вртоглаво расте секој ден, а економијата тоне се повеќе од ден на ден. Нема реализација на капитални инвестиции, нема покачување на животен стандард, нема ниту еден проект кој е од корист на граѓаните.

 

Никој не знае каде се трошат парите на граѓаните.

 

Во моментов реализацијата на капиталните инвестиции е само ¼ од предвиденото, странските директни инвестиции се само 48.7 милиони евра, а над 500.000 граѓани секој ден живеат на прагот на сиромаштијата.

 

Дали е свесна министерката Ангеловска што ќе потпише денес по наредба на Зоран Заев?

 

Накратко, денес таа ќе потпише уште повеќе да осиромашат граѓаните и државата, а се повеќе да се збогатуваат криминалниот картел на власт.

 

Јавниот долг ги пробива психолошките граници од над 50% од БДП.

 

Очајната економска политика на СДСМ и ЗОран Заев ја опустоши и исели Република Македонија. Секојдневно стотици граѓани си заминуваат и повеќе не се враќаат назад.

 

Милионските тендери за цвеќиња, лубриканти, мебел и службени возила само ги докажуваат расипничките намери на власта, наместо власта  да гради и реализира во корист на граѓаните што и е единствена нејзина работа.

 

Ова лудило мора да престане.

 

Македонија е на работ на бездната. Заев, Ангеловска и целата власт мора веднаш да прекинат со овие беспредметни задолжувања.

 

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.