Наум Стоилковски: Заев бега од одговори за „Рекет“

Зоран Заев и СДСМ секојдневно тонат и ја влечат Македонија во криминогеност и корупција. Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните кои што одамна веќе не му веруваат на лагите. Зоран Заев знае дека неговото владеење се темели само и само врз злоупотреби на власта. И токму затоа Зоран Заев бега од избори!

 

Зоран Заев од позиција на моќ и злоупотреба на институциите, бега од одговори за Рекет, од одговори за Леонардо, бега од одговори за Тополки, за Крвави тендери, за постојано задолжување, бега од одговори за крахот на капиталните проекти, Заев бега од одговори за сите лаги и сите манипулации до сега. Заев бега од одговори, бега од избори, бидејќи на избори тој ќе го добие одговорот за сите негови лаги.

 

Со Зоран Заев, Македонија тоне на сите рејтинг листи, Македонија тоне на економски, образовен, здравствен, социјален план, тоне во инвестиции, тоне во криминал, корупција и неказнивост на криминалците. Зоран Заев знае дека граѓаните не веруваат во институциите, во правниот систем, не веруваат во здравството, во образованието, не веруваат на економијата, не веруваат на лагите на Зоран Заев за земјоделството. Разочараноста на граѓаните ја празни државата. Секојдневно десетици и десетици автобуси со македонски граѓани итаат во еден правец надвор од Македонија, граѓаните буквално бегаат од девастирачките политики на Зоран Заев.

 

Зоран Заев со неговата државна мафија го згази достоинството на чесните луѓе. Фатени се во огромен криминал, фатен е во огромен рекетарско-обвинителско-политички октопод преку кој што отворено тргува со правдата, со законите, монтира обвинителски акти за да уценува, изнудува и да ја гази правната држава.

 

Зоран Заев своето владеење го потпира само и само врз тој октопод. Ја погази правдата, сега ги гази и оние на чии што раменици беше поставен на власт. Инсталираше Луј Витон правосудство за да го штити криминалот и да ги гони политичките опоненти, додека со судски случаи се уценуваат милиони евра рекет.

 

Поразот на Заев му е неминовен. Нарачаните анкети и анализи на Заев веќе не минуваат ниту во членството на СДСМ. Но, ако Заев верува на тие мерења, сега и веднаш да излезе на избори и на соочување со граѓаните. Изборите се вистинската анкета!

 

Зоране Заев, доста е, ајде на избори! Македонија не заслужува вакво понижување, граѓаните не заслужиле да бидат поданици на криминалот и на корупцијата, да живеат без сигурна иднина. Итно се потребни избори за Македонија да се ослободи од сидрото Заев! Итно треба да се формира техничка влада за да се овозможат фер и демократски избори, за да се заштити изборниот процес од полнења на кутии и од изборни манипулации. Избори, па народот да каже дали е за Октопод или за Обнова!

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.