РСБСП: Поддржувајте ги алтернативни форми на мобилност- пешачење, велосипедизам и јавен превоз

Според истражувањата на реномирани меѓународни организации, лицата кои пешачат и возат велосипед живеат во просек две години повеќе од оние кои не пешачат и не возат велосипед и земаат 15 отсто помалку денови за боледување, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), потестувајќи на придобивките од користењето на алтернативните форми на мобилност за време на кампањата „Европска недела на мобилност”, која почна од вчера и ќе трае до 22 септември.

 

– Возењето велосипед согорува 600 калории на час, го намалува крвниот притисок, а истовремено ја зголемува енергијата. Возењето велосипед и пешачењето прави човекот да се чувствува помлад, ослободува од стрес и е во хармонија со природата, велат од РСБСП, додавајќи дека таквите алтернативни форми на мобилност придонесуваат за здрава животна средина, намалено загадување, намален сообраќаен метеж и намалена бучавост.

 

Истражувањата покажуваат дека на растојание до пет километри, во урбана средина, велосипедот е доминантно превозно средство во однос на автомобилот од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација и од аспект на полесно паркирање.

 

– Паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и одзема многу помалку простор. Со пешачење и со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство се заштедуваат многу пари за скапо гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поевтина опција, отколку купувањето автомобил, потсетуваат од РСБСП.

 

Освен тоа, возењето велосипед, пешачењето и користењето на јавниот превоз создава пријателства и ја подобрува комуникацијата со луѓето и со околината.

 

 

Статистичките податоци покажуваат дека ако се земаат предвид бројот на поминати километри и бројот на пренесени патници, јавниот превоз е најбезбеден начин за пристигнување до посакуваната дестинација.

 

– Јавниот превоз е редовен и загарантиран. Со користењето на јавниот превоз се елиминираат ризиците кои може да го загрозат патувањето како техничка неисправност на возилото, откажување на возилото на пат и друго. Согласно наведеното, користењето на алтернативните форми на мобилност треба да биде ваша секојдневна, позитивна навика од која добиваат сите, а најмногу вие самите. За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај, треба да се користат алтернативни форми на мобилност, истакнуваат од РСБСП.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.