Во општина Пустец само 15 првачиња

Новата учебна 2019/2020 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа, Република Албанија.

 

На почетокот на учебната година со учениците  во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака  среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици.

 

-Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година. Во рамки на напорите за создавање што подобри услови за нормално одвивање на наставно-воспитниот процес многу набрзо ќе бидат финализирани работите за реконстркција на средното училиште со што ќе се создадат многу подобри услови, рече  Колефски.

 

Во изјава за МИА тој додаде дека во новата учебна година на ниво на основно и средно образование запишани се 155 ученици.

 

-Од вкупниот број, 125 се ученици во основните училишта, додека 30 во гимназијата во Пустец. Во општината  во ученичка клупа првпат седнаа вкупно 15 првачиња, што е речиси на исто ниво како и минатата учебна година. За жал, во оваа учебна година не е запишано ни едно прваче во училиштата во селата Леска и Долна Горица, рече Колефски.

 

Општина Пустец се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа каде на брегот на Преспанско Езеро се распослани девет населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.