Фалсификати, недозволени дроги, сообраќајки... дел од билансот на Билтенот на МВР

На граничниот премин „Богородица“,  на 15.09.2019 во 15.15 часот на при гранични проверки, И.Н. (50) од Косово на увид приложил српска патна исправа на име Х.Е. (43) од Р. Србија.

 

По извршена контрола било утврдено дека првата страница била фалсификувана. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, И.Н. бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.

 

На 15.09.2019 во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

 

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 16.09.2019 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

 

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.09.2019 од 16.00 до 22.00 часот на територија на СВР Велес била спроведена контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

 

Притоа, биле констатирани вкупно 44 прекршоци, од кои 21 во Велес, 18 во Кавадарци и пет во Неготино. За сите прекршоци биле изречени соодветни казни.

 

Во текот на викендот, од 13 до 16.09.2019, на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 14 возачи, и тоа три возачи кои управувале возило под дејство на алохол и 11 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

 

Од сообраќај се исклучени осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог,  75 прекршочни платни налози, а осум возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

 

На 15.09.2019 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

 

Во акцијата се констатирани 20 прекршоци, за што биле изречени соодветни казни.

 

На 15.09.2019 во 23.20 часот во Полициската станица Центар, М.С.П.(35) од Скопје пријавила дека на улица „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.