Прекин во водоснабдувањето на Гостивар и околината

Повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење од градскиот водовод, најавуваат од ЈП Комуналец.

 

Прекинот, е планирано да започне доцна вечерва од 22:30 часот и се однесува на целото конзумно подрачје.

 

– Водоснабдувањето е условено од санирање на дефект на една од главните линии со пречник од 500мм, која минува низ атарот на селото Равен. Повторното пуштање на водата во мрежата до корисниците ќе зависи и од тежината дефектот и колку ќе треба време за поправка. Најверојатно целата ќе заврши во раните утрински часови, информираат од ЈП Комуналец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.