Зоран Милески – Кичеец на распит во ЈО

Второосмничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, кој се наоѓа во притвор во затвор Шутка, денеска е донесен на расприт во Обвинителството за организиран криминал, потврдуваат од Јавното обвинителство.

 

Кичеец и Бојан Јовановски, се засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ и се наоѓаат во притвор во затвор Шутка. Обвинителството двајцата ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

 

Денеска во ЈО за случајот „Рекет“ е сослушана и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

 

Утре во ЈО за случајот „Рекет“ е повикана на распит и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која заедно со обвинителката Лиле Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.