ВМРО-ДПМНЕ: Господине Заев, колку порано заминете, толку подобро и за државата и за народот

Господине Заев, гледајте си рекетот. Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата.

 

Вам ви е местото со Боки, Кики, Фрики, Рашковски, Дудуш и останатите членови на октоподот што го формиравте. Вие сте срам за Македонија. Колку порано заминете, толку подобро и за државата и за народот.

 

Залудно објаснувате колку бавно и тешко ги разбирате работите. Залудно се правдате и дообјаснувате. Тоа е ваш проблем и што побргу треба да престане да биде проблем на Македонија. Веќе не ви поминуваат извинувањата до небо или од дното на душата.

 

Вие сте штетник и го пробивате дното секогаш кога граѓаните мислат дека не може да паднете подолу.

 

Спакувајте се и одете си.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.