Средба Заев-Лисјен: Се развива економската соработка меѓу Северна Македонија и НР Кина

Северна Македонија и Народна Република Кина имаат добри билатерални односи, во изминатите две години забележан е напредок во соработката, особено во областа на економијата, образованието и културата, беше заклучено на пријателската средба меѓу премирот Зоран Заев и амбасадорката на НР Кина, Јин Лисјен, која го завршува мандатот во земјава.

 

Од владината прес-служба соопштија дека на средбата биле поздравени личните заложби на премиерот за реализација на изградбата на двата автопата, со кинеска поддршка, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

 

Констатирано е дека премиерот прави видливи напори со резултати во економскиот развој и во социјалните политики и дека преку конструктивните политики, на конкретно ниво придонесува за доброто на државава и за граѓаните.

 

– Уверен сум дека преку процесот „17 + 1“ само ќе се јакне соработката на економски план, којашто веќе се реализира со отвореноста за нови кинески инвестиции во земјава, а расте и трговската размена. Тоа е резултат на воспоставениот дијалог на високо политичко ниво меѓу Северна Македонија и Кина, рече Заев, кој оцени дека за тоа голем придонес има успешната соработка со амбасадорката на Кина, Лисјен. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.