Шилегов во „Веро Џамбо“ скенираше фискална сметка на новоотворениот штанд на „Мој ДДВ“

Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје денеска се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“, преку кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од пресметаниот ДДВ, на кој  фискална сметка скенираше и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

 

– Задоволство ми е да се приклучам во промоцијата на проектот „Мој ДДВ“ кој бележи одлични резултати. Апликацијата „Мој ДДВ“ ја симнале околу 170.000 граѓани, скенирани се точно 4.604.000 фискални сметки со кои е остварен промет од околу 2,5 милијарди денари. Секој граѓанин може и би требало да сака да биде на свој начин контролор на фискалниот промет во нашата држава. Ваквата акција овозможува секој од нас да придонесе за збогатување на нашиот семеен буџет, но исто така да придонесеме за зголемување на буџетот на државата, на градот и на општината. Тоа значи повеќе пари во буџетот на државата, со кои се градат нови улици, булевари, градинки, училишта, паркови и слично, изјави Шилегов.

 

 

Тој ги повика граѓаните да се приклучат на проектот и да скенираат сметки затоа што, нагласи, така сите заедно ќе овозможиме поквалитетен живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.