Крива Паланка доби 2.850.000 денари од Бирото за регионален развој

Општина Крива Паланка доби 2.850.000 денари од Биро за регионален развој за изградба на канализација, одведување отпадни води во село Конопница и изработка на техничка документација за локален патен правец  во Варовиште.

 

-Со потпишување на договорите во Владата на Република Северна Македонија на официјални претставници од општина Крива Паланка и Бирото за регионален развој за реализација на проект „Изградба на канализација за отпадни води за дел од село Конопница“ во износ од 1.850.000 денари како и договорот за реализација на проект „Изработка на техничка документација за локален патен правец Крива Паланка – Варовиште – Кошари – Б’с“ во износ од 1.000.000 денари, официјално општината ќе може да инвестира во овие проекти и да вложи во подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните населени места, благодарение на поддршката од централната власт, посочија од службата за комуникација со јавност при локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

 

Договорите официјално се потпишани на свеченост на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.