Реставрирано и пуштено во употреба спортското игралиште во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студенти-членови на Младински образовен форум, со поддршка на Општина Карпош и Државен студентски дом Скопје – Скопје, спроведоа акција за реставрирање на спортското игралиште во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

 

– Со оваа студентска акција се работеше на реновирање и на приспособнување на постоечкото спортско игралиште, кое неколку години не беше во функција. Игралиштето е обновено и целосно фуникционално, со што студентите добуваат простор за спортски активноси во текот на нивното домување во студентскиот дом „Гоце Делчев“, истакна Мартина Илиевска од МОФ.

 

Директорот на ДСД, Дарио Николовски посочи дека од денеска спортското игралиште е официјално пуштено во употреба.

 

– Сите овие проекти ги реализиреаме заедно, ја продолжуваме соработката и во иднина. Ги охрабрувам сите организации коишто работит на проекти кои се од корист и за добро на студентите, да побараат наша поддршка. Отвени сме за соработка, нагласи Николовски.

 

Акцијата за реновирање на игралиштето е спроведена во рамки на проектот „Студентски домови без корпуција“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.