Летна школа по мајчин јазик за децата од дијаспората

Во наредните седум дена, 50 деца од Шведска, Германија, Австрија, Данска, Хрватска, Швајцарија и други земји ќе имаат можност заедно да учат, другаруваат и да ја запознат македонската историја, традиција, култура и јазик.

 

Децата учествуваат на традиционалната Летна школа по мајчин јазик за децата од дијаспората, по потекло од Република Северна Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво.

 

Како што соопшти Агенцијата за иселеништво, од 19 до 21 јули годнава во Конгресниот центар во Охрид се одржа Форум на наставници кои реализираат настава по македонски и албански јазик во иселеништвото.

 

На Форумот, кој е во организација на Агенцијата за иселеништво, учествувале 12 наставници од Берлин, Мелбурн, Панчево, Нови Сад, Загреб, Франкфурт, Мајнц, Локарно, Копенхаген и Осло. 

 

– Првиот работен ден наставниците имаа излагања за состојбата на наставата по мајчин јазик во дијаспората (позитивните страни, недостатоците и потешкотиите со кои се соочуваат  во својата воспитно-образовна работа) во присуство на директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, раководителот на одделението за култура Дора Ангелова, претставник од Министерството за образование и наука и советници од Бирото за развој на образованието, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво.

 

Во рамки на Форумот спроведена е обука за наставниците на тема „Планирање и реализација на наставата по мајчин јазик и културно наследство на Република Северна Македонија за образование на децата од дијаспората“. Последниот ден од Форумот наставниците донесоа заклучоци и предлози кои, како што се наведува, како официјален документ ќе бидат проследени до соодветни институции.

 

Учесниците на обуката се стекнаа со сертификати од Бирото за развој на образованието и Агенцијата за иселеништво. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.