Две училишта во Светниколско ќе добијат современи системи за греење

Општина Свети Николе ќе изгради комплетно парно греење во основните училишта во селата Амзабегово и Кадрифаково. Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека станува збор за инвестиција од над еден милион денари, од кои 522.158 денари ги добиле преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а останите средства ќе се обезбедат од буџетот.

 

-Со проектот обезбедуваме подобри услови за учење на нашите најмили по нови еколошки стандарди. Во овие две училишта учениците во текот на зимата се греат на стари ќумбиња, а со реализацијата на овој проект и учениците и наставниците до добијат современ систем за греење, вели Велковски.

 

Во текот на оваа недела на седница на Советот на општина Свети Николе треба советниците да донесат одлука за обезбедување на речиси половина од средствата од буџетот за реализација на проектот. Велковски вели дека веднаш по оваа одлука ќе следи распишување на тендерска постапка, по што ќе почнат градежните работи, а најдоцна до октомври очекува и да заврши поставување на новите парни системи за греење. Во училиштето во село Амзабегово учат 30, а во село Кадрифаково 20 ученици. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.