Патувачкиот автобус на ЕУ ќе посети осум града по повод Денот на Европа 2019

Како дел од кампањата „ЕУ за тебе", патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019.

 

Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да се воспостави директна комуникација со граѓаните и да се дискутира за нивните надежи и грижи во врска со Европската Унија и европската иднина на Северна Македонија.

 

Граѓаните ќе имаат можност да постават прашања поврзани со Европската Унија, процесот на пристапување во ЕУ, можностите за финансирање преку ИПА и други програми за помош на ЕУ, преку директна комуникација со екипата на ЕУ патувачкиот автобус. 

 

Посетите вклучуваат дебати со ученици од средните училишта за „Визијата на младите за Европската Унија", велосипедски родео активности за најмалите, како и други активности, соопшти Делегацијата на Европска Унија во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.