Сера: Македонија да внимава со транзицијата кон ОИЕ

Шпанскиот амбасадор Емилио Лорензо Сера, кој зборуваше за шпанските искуства во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност на меѓународната енергетска конференција „Македонски енергетски форум 2019" што вчера и денеска се одржува во Струга, порача дека енергетската ефикасност значи заштеда на енергија, ја подобрува економијата и отвора нови работни места, но посочи дека треба да се внимава со транзицијата од класичните кон обновливи извори на енергија (ОИЕ).

 

-ОИЕ и помагаат на Шпанија во намалувањето на хроничниот трговски дефицит, а мислам дека и вашата земја има трговски дефицит. Во последно време ние се фокусиравме на производство на електрична енергија од ОИЕ и мислам дека сме рекордери во користењето на ветерот, рече Сера.

Шпанија, додаде, има водечки компании во оваа област и во моментов има над 16.000 мегавати инсталиран капацитет од ветерни електрани.

 

-Ние имаме и висока енергетска ефикасност и сме подобри на ова поле дури и од Германија. Имаме институт за заштеда на енергија кој им дава насоки на компаниите како да заштедат енергија. Со прифаќањето и развојот на концепт за паметни градови направивме значајни заштеди, а со преработката на отпадот добиваме електрична енергија. Многу сме направиле, но има уште многу да се прави, рече Сера.

Препорача Северна Македонија да внимава со транзицијата кон ОИЕ и тоа да го прави постепено за да не се предизвика зголемување на цената на електричната енергија што ќе треба да ја платат граѓаните. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.