Заев и Пендаровски на ифтарска вечера на Стопанската комора на северозападна Македонија

Најважниот и најсветиот месец во духовниот живот на припадниците на Исламот повикува уште еднаш да ги афирмираме вредностите на простување и сочувствување, на толеранција и на почитување на другите, порача вчера премиерот Зоран Заев на ифтарската вечера организирана од Стопанската комора на северозападна Македонија.

 

-Рамазан е и празник кој не учи дека сите имаме должност да им помагаме на другите, да реагираме и да помагаме да се исправи неправдата, ако му е некому нанесена. Да го даваме најдоброто од себе за да создаваме заедница во која сите сме еднакви. Наша должност е да си служиме и да си помагаме едни на други.Овие вредности се испреплетуваат низ сите вредносни системи на различните верски традиции во нашата земја, истакна Заев.

 

Премиерот, како што соопшти владината прес-служба, пред присутните на вечерата нагласил дека партнерскиот однос и меѓусебната соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија и со бизнис заедницата од овој регион е од огромно значење за успехот и исчекорот напред на нашите економски политики, во интерес на граѓаните и секако на компаниите.

 

По ифтарската вечерата обраќање имал и претседателот Стево Пендаровски, а присутни биле и вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи, министрите Крешник Бектеши, Дамјан Манчевски и Едмонд Адеми. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.