Притвор за албански државјанин кој во тепачка повреди негов сонародник

По предлог на јавен обвинител, на А.Х (29) од Република Албанија му е одреден притвор поради сомнение дека во тепачка тешко повредил негов сонародник.

 

А.Х. бил пријавен во полициската станица „Галате" дека по претходна расправија го удрил 46-годишниот Ф.П, исто така, албански државјани, со кого престојувале во куќа во Неготино, Полошко.

 

Од ОЈО Гостивар наведуваат дека осомничениот кој во село Неготино, општина Врапчиште престојувал во напуштена куќа, без регулиран престој во државава со уште четири други лица, вечерта на 14 мај додека вечерале и консумирале алкохол, меѓу двајца од нив дошло до вербална расправија. Осомничениот со бокс во челото го удрил оштетениот и му нанел видлива повреда. Од ударот оштетениот паднал, при што се задобил фрактури на две ребра. Повредениот бил пренесен во гостиварската Општа болница од каде итно е префрлен во Клиниката во Скопје.

 

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. Во текот на денот, останатите албански државјани ќе бидат депортирани, бидејќи во земјава престојувале без регулиран престој и работеле како надничари





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.