Престижна меѓународна награда за еколошка свест за градоначалникот на Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, доби престижна награда за најдобри практики за заштита на животната средина на големиот Меѓународен саем за замјоделство што се одржува во Нови Сад, Србија.

 

Наградата му е доделена за неговото заземање за решавање на дел од најголемите проблеми со кои се среќава Општината Дебрца, а како еден до најголемите предизвици што се соочи по стапувањето на градоначалничката функција беше справувањето со идејата за изградба на регионална депонија на територијата на општината. Ногачески и неговиот тим беа децидно против оваа идеја, за која истакна дека ќе резултира со загадување на недопрената природа во општината и со далекусежни последици во иднина.

Во насока на зачувување на околината, општината спроведува редовно и континуирано чистење на општината од мини депонии, во насока на чиста и зелена Општина Дебрца. Тие еколошки активности се одвиваат под мотото „Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!".

 

Општина Дебрца неодамна отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акциски план (ЛЕАП), документ кој претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од шест години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Наградата за Ногачески е дотолку поважна, затоа што доаѓа од најголемиот агробизнис настан во овој дел на Европа, а кандидатите за наградите се номинираат по препорака на еминентни експерти во областа, научни и општествени институции и организации, економски комори и граѓански организации што имаат увид во резултатите и придонесот на потенцијалните кандидати за наградата во агробизнисот.

 

Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад се одржува од викендот, а на него ќе се претстават 1.518 фирми, институции и организации од 32 земји, кои ќе презентираат производи и услуги од 61 држава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.