Околината на Серменинска река исчистена од отпад

 Македонско – холандското здружение на граѓани „Создавачи на промени" во соработка со гевгелиското јавно претпријатие „Комуналец" ја реализира шестата акција за собирање отпадоци кои ги фрлиле несовесните граѓани околу мостот на Серменинска река и покрај регионалниот пат Гевгелија-Негорци.

 

Дванаесетина членови на здружението, заедно со комуналните работници го чистеа просторот околу мостот како и потегот од мостот кај село Мрзенци кон Негорци.

 

-За нас бројката на учесници никогаш не е толку значајна колку што е значаен моментот кога ќе видиме дека после ваквите акции на тие места повеќе не се фрла ѓубре, рече претседателката Марина Томова и додаде дека ова што го прават тие е само едно камче во мозаикот на промените што треба да се случат во главите на сите жители на општина Гевгелија кои сакаат на новите генерации да им остават пример за одговорно граѓанско однесување и да дадат придоне за почист град во кој ќе биде задоволство и гордост да се живее.

Од здружението најавија дека во следната акција која ќе се реализира по две недели, ќе се вклучат Општина Гевгелија и учениците од основните училишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.