Традиционална велигденска изложба во Делчево

 Традиционално во пресрет на големиот христијански празник Велигден, општина Делчево во партнерство со образованите институции од градот, здруженија на граѓани и локални институции организира голема велигденска изложба.

 

-Очекуваме и годинава платото пред спомен домот АСНОМ да биде богато со најразлични велигденски креации и да доминира празничната атмосфера, како предвесник на големиот празник Велигден. Досега се пријавени десетина учесници кои на штандовите ќе ги изложат велигденски креации и задолжително велигденски обоените јајца, истакна Даниела Такева од Општина Делчево.

 

Велигденската изложба има и хуман карактер, а средствата од продажбата на јајцата и на другите велигденски креации, како што додава Такева ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

Настанот почнува на 25 април пред спомен дом АСНОМ на Велики Четврток, а за најдобрите велигденски креации од страна на општината ќе следуваат награди. За првонаградената творба износот е 3.000 денари, второнаградената ќе освои 2.000 денари, а третата награда е во износ од 1.000 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.