Ќе се уредува околината на Крушевското Езеро

 Со околу 28 милиони денари, средства од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе се уредува околината на Крушевското Езеро и, воедно ќе се изработат урбанистички планови за населените места.

 

Проектот за линиска инфраструктура, изградба и уредување на патната инфраструктура во локалитетот Крушевско Езеро ќе опфати асфалтирање на патот кој води до Езерото и до спортскиот комплекс во близина на месноста „Гумење". Крушевските локални власти потенцираат дека целта е подобро сообраќајно поврзување, но и безбедна патна инфраструктура, со атмосферска канализација, а тоа е битно и за граѓаните и за туристите во Крушево. Преку проектот, градот ќе добие уредена средина околу спортските терени, безбеден пристап до Езерото и доизградба на хотелската зона околу Крушевското Езеро.

 

Во меѓувреме, со средствата обезбедени од Агенцијата ќе се изработат урбанистички планови за населените места, кои ќе овозможат сеопфатен инфраструктурен развој на селата, како и легализација на објекти, издавање на одобренија за градење, како и за изградба на игралишта, паркови.

 

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски овие инфраструктурни зафати го прават Крушево попристојно место за живеење, но и ја зголемуваат атрактивноста кај туристите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.