Еко активности на учениците од Кочани и Виница

По повод 22 април – Денот на планетата Земја, екоодборот на ОУ „Св. Кирил и Методиј" од Кочани организираше екоакција под наслов „Ќесе? Не, благодарам".

 

Акцијата се реализира со поддршка од неколку текстилни компании кои изработија платнени торбички што учениците им ги делеа на купувачите, со цел да ја истакнат потребата од намалување на користење на пластичните ќесиња.

 

-Пластиката е еден од најголемите загадувачи на животната средина, особено кај нас, со оглед што немаме соодветни капацитети и услови за нејзино рециклирање. Затоа, сметаме дека полесно е да се влијае на свеста кај граѓаните, колку што е можно повеќе да се избегнува употребата на пластичните ќеси и наместо нив да се користат текстилни. Тие можат да се искористат повеќекратно, а имаат и подолг рок на употреба, истакна Љубица Теодосиева, ментор на екоодборот во кочанското основно училиште.

 

Слични активности реализираа и средношколците од СОУ „Ванчо Прке" од Виница, кои во соработка со двете основни училишта организираа еколошко дефиле и модна ревија со креации изработени од најлон, пластични ќеси и лажички, хартија и други отпадни матертијали.

 

Активноста ја спроведе Тимот за мировно образование со поддршка со детската амбасада „Меѓаши", а за за најдобрата екокреација, компанијата„Еко пак – Хит" од Кочани додели вредна награда.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.