Еден жител во земјава создава 412 килограми комунален отпад годишно

Еден жител во земјава во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година.

 

Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што претставува, пак, 1,6 отсто помалку од 2017 година.

 

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион 166.029 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава. Од вкупното количество собран комунален отпад, 509.002 тони или 81  отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 19 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад).

 

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85,6 отсто, а најмало количество отпад од гума  673 тони или 0,1 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.

 

Најголемото количество на собран комунален отпад 99,5 отсто се исфрла на депонија.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.