All for Joomla All for Webmasters

Мицкоски: Ги победивме, но нецелосно ги поразивме, затоа ни е потребна победа во вториот круг

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прогласи победа на сите што ја поддржале професорката Гордана Силјановска, победа на народот која, според него, претставува нова реалност во земјата.

 

-Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата, сите оние измамнички политики чиј предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразивме. Затоа ни е потребна победа во вториот круг. Оваа победа е голема победа пред се на нашата заедничка татковина Македонија…Што е најважно ја победивме хотел коалицијата. Доаѓа правдата за која се обединивме, окрупнивме, која беше нашата водилка и која му е насушно потребна на нашиот народ и татковина. Затоа што однародената власт на Зоран Заев донесе неправда, криминал и корупција, рече Мицкоски, нагласувајќи дека власта е  делигитимирана.

 

Според него,  нивниот кандидат за претседател победил во Скопје, односно во сите скопски општини, потоа во Битола, Штип, ,Прилеп, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, во Виница, Кочани,Росоман, Градско, Свети Николе, Македонска Каменица, Ново Село, а како што додаде одат на победа во втор круг за градоначалници во Ново Село каде водат и во Охрид каде е разликата тесна.

На новинарско прашање зошто слават победа кога разликата меѓу двата првопласирани кандидати е само половина процент, Мицкоски рече дека математички прецизно разликата може да биде и еден глас и вели ние да прогласиме победа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.