СДСМ: СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на партизација, притисоци и злоупотреби врз обвинителството. Затоа правдата за нив е проблем.

 

Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите.

 

Тоа го овозможува новиот Закон за јавно обвинителство и затоа предлог законот е најсоодветното решение коешто е доставено и истиот треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата.

 

Република Северна Македонија е правна држава кадешто судовите и обвинителствата работат слободно и независно, држава во која законите важат подеднакво за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора.

 

Центар за комуникации со јавност на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.