Ниско ниво на јавни набавки во општините во Скопје во 2017, голем број склучени без оглас

Локалните самоуправи во скопскиот регион во 2017 година склучиле 33 договори за јавни набавки без објавување оглас. Вкупната вредност на овие набавки била 1,36 милиони евра од кои дури 12 милиони или 40 отсто од овие договори припаѓа на Градот Скопје.

 

Ова го покажа мониторингот на јавните набавки на локалните самоуправи во скопскиот регион спроведени во проектот „Зајакнување на транспареноста и отчетноста на општините при трошењето на јавните средства" од Здружението на економски новинари – ЗЕН, кое денеска ги презентираше резултатите.

 

Истражувањето на јавните набавки на локалните самоуправи во скопскиот регион за 2017 година покажа дека има рекордно ниско ниво на јавните набавки. Склучени се 809 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 2,15 милијарди денари, односно 35 милиони евра. Резултатите покажуваат дека кај 10 општини е утврдено високо ниво на присуство на дискриминаторски елементи во тендерските документации, што можат да ја ограничат конкуренцијата. Кај две општини, според истражувањето, забележано е високо ниво на учество на една фирма во вкупните набавки. Набавките имаат само 50-процентна исполнетост на транспрареноста и кај локалните самоуправи и институциите на национално ниво.

 

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации посочи дека просечната транспареност на јавните набавки на општините во цела земја е 51,9 отсто, а на институциите  на национално ниво 51,6 отсто. Најголеми слабости се јавуваат во фазата на планирање и на следење на договорот за јавната набавка. ЗЕН го спроведе истражувањето на општините од скопскиот регион, а други седум невладини организации во останатите седум региони во земјава. Центарот за граѓански комуникации го спроведува мониторингот на јавните набавки на институциите на национално ниво.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.