Бројот на ученици во 2017/2018 помал во однос на претходната учебна година

На крајот на учебната 2017/2018 година бројот на учениците во редовните основни училишта бил 188 517, што е намалување за 0,9 проценти во однос на претходната учебна година.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта на крајот на 2017/2018 година имало 70 861 ученик односно намалување за 2,2 отсто во однос на учебната 2016/2017 година.

 

ДЗС објави податоци за бројот на ученици што завршиле основно и средно училиште според јазикот на кој се изведува наставата, за успехот на учениците во редовните основни училишта, како и за бројот на ученици во специјалните и верските училишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.