Од 1-ви април УЈП ќе ги доставува годишните даночни пријави

Годишните даночни пријави за остварените приходи во текот на 2018 година Управата за јавни приходи ќе почне да им ги праќа на граѓаните од 1 април.

 

Пријавите ќе пристигнуваат на електронската пошта што граѓаните ја пријавиле при регистрацијата на електронскиот систем. Пријавите ќе пристигнат преку електронскиот систем e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 30 април. Потоа корисникот најдоцна до 31 мај треба да ја потврди или да ја корегира даночната пријава.

 

Инаку годинава за прв пат граѓаните имаат ваква можност, бидејќи до минатата година тие своите данчни пријави ги поднесуваа на шалтерите на УЈП, при што пред истекот на рокот се правеа големи гужви, а сега товарот нема да биде на граѓаните туку на Управата за јавни приходи.

 

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

 

Доколку како граѓанин, во текот на 2018 година, сте оствариле приходи по основ на плата, или приходи од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или сте оствариле хонорар по основ на авторски договор, сте учествувале во наградна игра и сте оствариле добивка над 5000 денари или пак сте оствариле добивка од посебни игри на среќа (во казино, во обложувалница, во автомат клуб), имате обврска податоците за приходите искажани во пополнетата годишна даночна пријава да ги потврдите, доколку се точни, да ја коригирате, дополнувајќи ја – доколку имате остварено приход кој не е искажан односно опфатен во неа или да ја коригирате, доколку за некој од искажаните приходи увидите дека износот не е точен или вистинит.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.