Се пролонгира рокот за чипирање на милениците до 31 декември
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2019
До 31 декември годинава продолжува рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици, сопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.
За кампањата за идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови, но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици.
-Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ, истакна директорот.
Од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1000 евра за правни лица.
Микрочипот содржи бројче и преку него практично се обезбедуваат основните податоци на миленикот што овозможува негово следење. Исто така, ветеринарната струка на овој начин, ќе знае колку живтони има и кој е сопственикот.
Целта на кампањата е заштита и благосостојба на животните, намалување на бројот на кучињата скитници, како и поттикнување на одговорното сопствеништво.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс