Со повеќе активности се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром

Со повеќе активности во земјава од денеска се одбележува Светскиот ден на даунов синдром - 21 Март. Централниот настан се одржува денеска во Кинотеката во Скопје.

 

Како продолжение на минатогодишниот проект ,,И јас сакам да бидам балерина,, ќе биде  претставена дел од работата на Анастасија Центарот од Битола преку документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна на Стефанија „Hey you listen”.

 

Во рамки на минатогодишното одбележување се одржа балетската претстава насловена ,,Сите во ист свет живееме,, која е дел од проектот ,,И јас сакам да бидам балерина,, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Преку овој проект, центарот ги започна првите чекори во градење врска помеѓу неколку балетски педагози и деца со Даунов синдром со кои се зголеми вербата дека танцот е област во која и луѓето со Даунов синдром се пронаоѓаат.

 

Утре, ќе се одржи настан на кој ќе се продаваат дизајнирани маички на тема Даунов синдром изработени од учениците од средното училиште ,,Здравко Цветковски,,.

 

На 24 март ќе се одржи трката  Run For Down во организација на мечувалечкиот клуб Ескрим во Градскиот парк

 

Ида Мантон Центарот за Даунов синдром го осмисли и го отвори во април 2013 година, една година по раѓањето на нејзината ќерка со Даунов синдром Луциа, а во последниве години се работи на поинаков начин за како овие лица подобро се вклучат во заедницата.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.