За претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани во 32 ДКП-а

На Претседателските избори 2019 година, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство и тоа: Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго.

 

Ова е заклучокот што го донесе Државната изборна комисија, на својата 25-седница по завршување на рокот за поднесување пријавуви за гласање во Дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на 14-ти овој месец.

 

Според ДИК, во 15 Дипломатско – конзуларни претставништва се прифатени помалку од 10 граѓани и тоа: Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Њу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана.

 

Вкупниот број на граѓани кои извршиле Јавен увид во Избирачкиот список за претседателските избори кој траеше во периодот 23 февруари до 14 март е 53.972 граѓани.

 

На седницата на Државната изборна комисија донесе Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Охрид, Ново Село и Дебар, Упатството за работа на општински изборни комисии и изборна комисија на Градот Скопје, Одлуката за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласање и Одлуката за објавување на описите на избирачките места.

 

Во однос на поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи за Претседателските избори 2019 година, на оваа седница за разгледување беше ставено Барањето од ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права – Мисија за набљудување на избори и истото беше усвоено.

 

На седницата донесени и заклучоци за примена на следните акти: Упатство за гласање на немоќно или болно лице, Упатство за гласање на лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, Упатство за гласање на избирачи кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско – конзуларните претставништва односно конзуларни канцеларии, Упатство за утврдување на личниот идентитет на гласачот, Упатство за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, Упатство за примена на член 112-а од Изборниот законик за лица со посебни потреби, Упатство за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на жрепка, Упатство за начинот и постапката за решавање приговори за спроведување на претседателските избори, Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња и Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите, стои во соопштението на ДИК.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.