Штип најтранспарентна општина во земјава

Општина Штип е најтранспарентна општина во држвата, според извештајот од проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, финансиран од ЕУ.

 

Раководителот на Секторот за јавни дејности во Општина Штип, Билјана Казанџиска на денешната прес-конференција истакна дека ова се должи на фактот што тие како локална самоуправа се отворени за соработка со сите, коишто покажале интерес.

 

-Покрај останатите барометри кои покажуваат дека Општина Штип е лидер во многу активности и ова истражување покажува дека Општина Штип е најдобро рангирана во однос на објавувањето и информирањето на граѓаните во врска со финансиите и буџетското работење, вели Казанџиска.

 

Таа додава дека во истражувањето се опфатени 81 општина, а Општина Штип има индикатор на индекс на транспарентност 61,54% и е прворангирана на листата на општини по бараметарот на транспарентност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.